Инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“ од Србија, денеска (сабота, 12 април) со почеток во 19:30 гостува на сцената на Народниот театар Битола.
Мјузиклот е адаптиран по текст на Жил Верн „Пат околу светот за 80 дена“, каде главните улогиг и играат 6 аутистични млади луѓе и една девојка со оштетен слух. Покрај нив на сцената учествуваат и професионалци , балетски играчи, како и фолклорни играчи и хор АКУД „ Лола “. Сценарио и режија :Џорџе Макаревиќ.
Мјузиклот е премиерно прикажан по повод светскиот ден на аутизмот на 01.04 2013 .
Идејата за мјузиклот се роди после успешната промоција на ЦД-то „Вилинска песна“ , кое го снимија деца со аутизам.Овој мјузикл покажува вокални и играчки способности на децата со аутизам и е на прав пат за интегрирање на оваа популација во културниот живот. Главните улоги ги играат лицата со аутизам и нивните родени браќа и сестри . Во тој сегмент се гледа и самата поддршка на фамилијата. Ова е единствена можност да се види претсатава каде во прв план се истакнати лица со инвалидитет, а каде како поддршка се појавуваат професионалци.