Вечер во чест на Хендрикс на „Блуз и Соул 2012“

Денеска (среда, 19 септември, 2012) со почеток во 20:30 во Универзалната сала, ќе се оджи втората вечер од годинашниот 17-ти „Блуз и Соул фестивал.“ Вечерта, тематски му е посветена на ненадминатиот гитарски херој Џими Хендрикс.

Светот денеска ја одбележува 70 годишнината од раѓањето на Хендрикс, а концертот во Скопје, во рамките на „Блуз и Соул фестивалот 2012“ е токму на денот кога тој починал – 18 септември. На сцената на Универзална ќе настапат „Дак кен грув“ од Шведска и Американецот Стен Скиби кого го нарекуваат „Хендриксовата реинкарнација“.

Синоќа фестивалот го отворија Гуру харе и неговиот бенд од Македонија, како и Маркус Мелоун и неговиот бенд од Америка.

Организатор на „Блуз и Соул фествалот“ е Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, а годинава за прв пат фестивалот се издвои од матичната манифестација „Скопско лето“.

 

You May Also Like