Синоќа во Тек Санат галеријата во Истанбул, Турција, се отвори самостојната изложба на Омер Калеши.
На изложбата како специјални гости присуствуваа директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши, и претставници од галеријата, а на свеченото отворање на изложбата беа и Јордан Плевнеш, ректор на ЕСРА и конзулот на Р.Македонија во Турција, г-ѓа Зерим Абас.
По отворањето на изложбата се дискутираше околу позитивната реакција и подготвеноста на предложените членови на иницијативниот одбор, за започнување со сериозен ангажман околу реализирање на предлог-идејата на директорката на Националната галерија, г-ѓа Палоши, за отворање на галерија на Омер Калеши во Скопје. По враќањето во Скопје, Палоши започнува со состаноци со членовите на иницијативниот одбор.