Утре (петок, 14 септември, 2012 година) во кино Милениум, закажани се премиерите на филмовите „Мадагаскар 3: Најбараните во Европа” (“Madagascar 3: Europe’s Most Wanted”) во 3Д, со почеток од 20:00 часот и „Притаено зло: Одмазда“ (Resident Evil: Retribution) во 3Д, со почеток од 22:30 часот.
Анимираниот филм „Мадагаскар 3: Најбараните во Европа” (“Madagascar 3: Europe’s Most Wanted”) е трето продолжение од симпатичната приказна за животните од Мадагаскар, за која повторно гласовите ги позајмија актерите од холивудскиот врв: Бен Стилер, Џада Пинкет-Смит, Крис Рок, Саша Барон Коен…
Режијата и сценариото се на Ерик Дарнел и Том Мекграт, а во сценариото…:
Алекс, Марти, Глорија и Мелман сеуште го бараат патот назад кон „Големото Јаболко“. Нивното патување ги води низ Европа, каде наоѓаат патувачки циркус, одлично место да се скријат лав, зебра, жирафа и нилски коњ. Циркусот ќе дознае што значи забава, во Мадагаскарски стил.
„Притаено зло: Одмазда“ („Resident Evil: Retribution“) е веќе петти дел од филмот кој е продуциран по хит видео играта „Resident Evil“ и во него играат: Мила Јовович, Сиена Гуилори, Мишел Родригез. Режијата и сценариото се на Пол В.С. Андерсон.
Содржина: Смртоносниот Т-вирус на корпорацијата „Амбрела“ сеуште ја опустошува земјата, трансформирајќи ја глобалната популација во човекјадци и зомби. Последната и единствената надеж на човештвото, Алис, ќе се најде во срцето на корпорацијата откривајќи мистериозни тајни од нејзиното минато.
„Притаено зло: Одмазда“ е петтиот дел од сагата за вирусот кој ја уништува земјата и хероината која ја спасува, конечно во овој дел се гледа крајот и последната битка за спас на земјата.
“Мадагаскар 3: Најбараните во Европа” и „Притаено зло: Одмазда“ ќе играат на редовен репертоар на кино Милениум, со проекции од 20:00, односно 22:30 часот.
„Мадагаскар 3: Најбараните во Европа” ќе има можност да го проследи и најмладата публика во денските термини, во викендите.
Комплетен репертоар на кино Милениум во периодот од петок(14.09) до четврток(20.09):
ПЕТОК(14.09):
13:00 – „Истрага“
15:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез “
20:00 – “Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”
22:30 – „Притаено зло: Одмазда“
САБОТА(15.09) И НЕДЕЛА(16.09):
11:00 – „ЛЕДЕНО ДОБА – 4“ 3Д
13:00 – „Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”
15:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез“
20:00 – „Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”
22:30 – „Притаено зло: Одмазда“
ПОНЕДЕЛНИК(17.09) – ЧЕТВРТОК(20.09):
13:00 – „Истрага“
15:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез “
20:00 – “Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”
22:30 – „Притаено зло: Одмазда“