„Изрази се преку медиумите“ конкурс за средношколци

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Министерството за образование и наука го организираат конкурсот „Изрази се преку медиумите“. Пријавувањето трае до недела (21 април).

На конкурсот, средношколците и училиштата можат да учествуваат со видео, фотоприказна или есеј на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“. Медиумскиот производ треба да прикаже пример или да даде идеја како средношколците можат да помогнат и да придонесат во локалната заедница.

„Преку производите треба да се покаже како се помага на ранливите групи во општеството, за заштита на животната средина, за промовирање на културното наследство и за други активности во кои се вклучени средношколците“, вели Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, која го спроведува проектот „Изрази се преку медиумите“ петта година по ред.

Конкурсот е поддржан од Министерството за образование и наука и од етаблирани медиуми и компании, кои ги доделуваат стипендиите за студирање.
Сите детаљи за конкурсот можете да ги најдете на www.vs.edu.mk.

You May Also Like