Стипендија „Маргерит Јурсенар“ за поетот Никола Маџиров

Генералниот Совет на Северниот дел на Франција на нашиот поет Никола Маџиров му ја додели книжевната стипендија „Маргерит Јурсенар“ за 2013 година.

Во конкуренција на повеќе од стотина кандидати, независното жири составено од познати европски книжевници го избра Никола Маџиров како единствен балкански и прв македонски автор меѓу петнаесетте европски книжевници-лауреати за 2013 година.

Стипендијата вклучува и едномесечен книжевен престој во Вилата „Маргерит Јурсенар“, лоцирана на имотот на семејството Јурсенар во северниот дел на Франција, каде што творела и светски признатата француска авторка Маргерит Јурсенар (1903-1987). Маџиров ќе патува на имотот на Јурсенар од 8-10 ноември 2012 година, каде што пред европската јавност ќе бидат претставени преку читања и разговори сите петнаесет селектирани автори.

Стипендијата се доделува исклучиво на европски автори – романсиери, поети, раскажувачи, драматурзи – кои имаат издадено дело во некоја европска издавачка куќа и објави на француски јазик.

You May Also Like