Ликовна колонија „Гостивар Арт“

Триесетина академски уметници од Македонија, Косово и Албанија творат дела  како дел од ликовната колонија Гостивар Арт.

Годинава учесниците ќе работат тематски и  во масло на платно ќе ги сликаат пејзажите во Гостиварско.

Во рамки на колонијата синоќа се организираше и хепенинг за децата на градскиот плоштад. Тие заеднички на големо платно ги покажаа своите уметнички вештини и талент.

Делата од ликовната колонија Гостивар ќе бидат изложени денеска (понеделник, 8 октомври, 2012) во Центарот за култура.

You May Also Like