Обновени фасадите на два објекти на „Илинден“

Заврши обновата на фасадите на два објекти лоцирани на булеварот „Илинден“ во Скопје …

ilindenska 03a fasadi

Стручните екипи на Конзерваторскиот центар Скопје завршија со обновата на фасадите на два објекти лоцирани на булеварот
„Илинден“, активност која беше превидена во рамките на повеќегодишниот проект на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава.

ilindenska 03 A fasadi

Беа изведени конзерваторско-реставраторски интервенции на објектите со број бр. 41 и 63 лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна. Објектите кои имаат станбено-деловна намена се изградени во периодот меѓу двете светски војни, а заради своето впечатливо архитектонско решение имаат третман на споменично наследство и токму заради тоа беа реставрирани во автентичен стил.

Националната установа Конзерваторски центар Скопје ги изработи и проектите за конзервација и реставрација на зградите со број “68” и број „80”, исто така лоцирани на булеварот „Илинден, по што во следниот период ќе пристапи кон нивна реализација.

ilindenska 02 A fasadi

Во рамките на проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава, со кој до 2017 година е предвидена интервенција на 250 фасади од значајните споменични целини, Конзерваторски центар Скопје во изминатиот период ја заврши обновата на фасадата на објект лоциран во Старата скопска чаршија.

Заводите за заштита на културното наследство и Конзерваторските центри, како активни чинители во спроведувањето на овој проект, годинава реализираа проекти за обнова на фасади на староградските куќи во Охрид, Гевгелија, Крушево, Кратово и Кичево.

ilindenska 04 fasadi

ilindenska 05 fasadi

 

You May Also Like