Концерт на групата “KYNNES KABALE” од Данска

Вечер (четврток, 19 јули) во 20:30 часот на платото пред Универзалната сала, концерт ќе одржи данската група “KYNNES KABALE“.

Kynnes Kabale е проект на данската вокалистка Марија Кине и неколку музичари од различни делови на светот. Музиката на ансамблот е инспирирана од бугарската вокална традиција и нејзините специфични ритми и ориентални тоналитети. Kynnes Kabale е спој на музичари од комплетно различни музички, културни и етнички позадини, кои создаваат нова, оригинална музика во која се проткаени карактеристики блиски на данскиот уметнички сензибилитет.
Идејата на ансамблот е секој од музичарите да ја изведува сопствената традиција, но и да биде подготвен фолклорното богатство да го „изврти“ и употреби во креирање на оригинална музичка ескпресија, која истовремено се надоврзува и надополнува на изразот на останатите членови на составот.

“KYNNES KABALE“ ја сочинуваат: Фуат Талај – саз  по потекло е од Турција, Џеспер Нордал – гитара, Данска; Бјонко Стошиќ – кларинет по потекло е од Македонија;Андерс Хајделбах – бас е Данец, со полско потекло; Саер Ел – Џаиши – тарабука  е палестински музичар и Марија Кине – вокали  е данска вокалистка, композитор, диригент и аранжер.

Настапот на “KYNNES KAbALE“ е во рамките на годинашното Скопско лето 2012.

You May Also Like