Вечер (четврток, 19 јули) во 20:00 часот во Концертната сала на Заводот и Музеј Битола концерт ќе одржи дуото кларинети Ѓоревски – Бакревски.
Дуото кларинети Ѓоревски – Бакревски е формирано по долгогодишната соработка на овие двајца кларинетисти во различни ансамбли и камерни формации. Вработени во Македонската опера и активни на концертниот подиум Дуото кларинети Ѓоревски – Бакревски е формирано со цел да се истражува репертоарот за вакво камерно дуо кој е ретко интерпретиран на концертниот подиум во Република Македонија.
Вечер на програмата се дела од Росини, Крусел, Лефевр и др.