„Линколн“ на Спилберг во Синеплекс

Новиот филм на Стивен Спилберг, „Линколн“ e интимна приказна за 16от претседател на САД кој за време на крвавата граѓанска војна, се бори на парламентарните избори да се изгласа амандманот со кој ќе се укине ропството. Љубителите на оваа историска драма ќе можат да го погледнат од утре (четврток, 7 март) во Cineplexx.

Филмот со Оскаровско педигре, на овогодинешното доделување на престижната награда Оскар, му донесе три Оскари на главниот глумец, Даниел Деј-Луис, кој стана првиот глумец во историјата со толкав број на признанија.

You May Also Like