Трибина за македонската книжевност за деца

Утре (четврток, 27 март) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 12:00 часот ќе се одржи трибина на тема „Актуелниот миг во современата македонска книжевност за деца“.

girl-reading-a-book

 

На Книжевните разговори посветени на Актуелниот миг во современата македонска книжвност за деца ќе учествуват: Весна Мојсова Чепишеска, Горјан Петревски, Стојан Тарапуза, Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Оливера Николова, Косара Гочкова, Киро Донев, Наум Попевски, Бистрица Миркуловска, Славка Арсова…

Тези за разговор:

– Колку во Република Македонија се објавува литература за деца и со каков квалитет е таа?
– Дали постои хиперпродукција или стагнација во објавувањето на детската литература?
– Каков е стаусот на писателот за деца кај нас?
– Зошто се помалку има млади писатели кои пишуваат за деца од предшколска возраст и за деца од основното образование?
– Какви дела за деца и млади се преведуваат кај нас и дали изборот е добар?
– Каков е квалитетот на преводот на тие дела?

You May Also Like