На 8 март (петок) во клубот Сектор 909 скопската промотерска организација ќе го прослави својот 6ти роденден на кој ќе настапи холандската техно диџејка Shinedoe.
Shinedoe e една од водечките фигури на амстердамската техно сцена. Таа е сопственик на Intacto Records и продуцент на преку 30 изданија за издавачки куќи како Cocoon, Get Physical и Trapez. Нејзината музика е ремиксувана од Booka Shade и The Knife а траките Phunk и Dillema станаа глобални хитови. Нејзиниот уникатен диџејски стил кој е сублимат од европски tech-house и детроитско техно и овозможува постојано да настапува во најголемите светски клубови.
Пред шест години Shinedoe настапи во спортската сала Кале во Скопје на една од првите забави кој ја организирше Pollux. Забавата започнува на полноќ, влезницата е 250 денари а пред Shinedoe ќе настапи диџеј Базел. По оваа забава во Сектор 909 во Март ќе настапат и Derrick May и техно дуото Different World.