„Лебедово езеро“ во МОБ

Утре (петок, 23 ноември 2012 година) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет, ќе се изведе балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска во улогата на Одета-Одилија, Бобан Ковачевски во улогата на Принц Зигфрид и Јован Веселиновиќ (Србија) во улогата на Ротбарт. Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.

Кореографијата е на Виктор Јеременко (Украина) со сценографија на Андреј Злобин (Украина). Костимографијата е на Гана Ипатиева (Украина). Со оркестарот ќе диригира Борис Спасов (Бугарија).

Светската премиера на овој балет е одржана во 1877 година во Бољшој театар во Москва, Русија.

„Лебедово езеро“ е љубовна приказна во која се раскажува и опишува вечната борба помеѓу доброто и злото.

You May Also Like