Македонски филмови на фестивалот „Врева“ во Белград

На уличниот фестивал на активизам „Врева“ кој ќе е одржи на денеска и утре (21 и 22 септември, 2012) во Белград ќе бидат прикажани и четири македонски филмови.

Во соработка со Македонскиот филмски фонд, на фестивалот ќе бидат прикажани четири македонски краткометражни филмови, „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски, „Образ“ на Стефан Сидовски и „Жарче“ на Томислав Алексов.

Дел од фестивалот ќе бидат и трите видеа на тема „Маргинализација“, кои ги изработија средношколци на „Работилницата за визуелна култура“,  што се одржа лани во Младинскиот културен центар во организација на Центарот за медиумски активности и регионалната платформа за активизам „Лице в лице“.

You May Also Like