„Лебедово езеро“ во живо во Синеплекс

Денеска (четврток на 6 јуни 2013), љубителите на балетот и посетителите на киното Cineplexx ќе имаат ексклузивна можност да го проследат преносот во живо на еден од најпознатите балети „Лебедово езеро“.

Од балетската куќа која секогаш ни претставува најдобри светски артисти, извонредна музика и сензационални балети ни пристигнува специјална изведба на „Лебедово езеро“. Со оваа изведба се означуваат 275 години од Рускиот балет во Зимската палата. Изведбата на балетот „Лебедово езеро“ ќе биде прикажана во повеќе од 50 земји низ светот.

Овој посебен настан ќе биде снимен во театарот Марински и симултано пренесен на големото платно на најсовремениот аудиториум – Марински 2, кој беше отворен пред еден месец во Санкт Петербург. Специјални гости и илјадници интернационални љубители на спектакуларните изведби на Марински ќе гостуваат во овие два големи театри: еден историски, и еден комплетно нов.   Изведбата претставува совршена венчавка на уметноста и технологијата: најдобрата балетска куќа во светот и најсовремената технологија.

Валери Гергиев (признаен како еден од најдобрите светски диригенти) изјавува: „Сите ние знаеме дека кога ќе се поврземе и ќе соработуваме со Камерун само нешто возбудливо може да се случи. Сето ова искуство од преносот во живо нема да загуби ниту еден дел од својата магија. Кога љуѓето ќе знаат дека тоа се случува во моментов тоа му придава многу повеќе на самото чувство“.

You May Also Like