„Арго“ и „Животот на Пи“ со најмногу Оскари

Авантуристичкиот филм „Животот на Пи“ освои најмногу, четири „Оскари“, меѓу кои и за најдобра режија на Анг Ли. „Арго“ на Бен Афлек беше прогласен за најдобар филм, а вкупно доби три „Оскари“, за монтажа и за адаптирано сценарио.

Дениел Деј Луис го освои својот трет „Оскар“ за најдобар актер во кариерата.
Претходно тој ја има добиено оваа награда за филмовите „Моето лево стопало“ и „Ќе има крв“.

Три „Оскари“ доби и „Клетници“, но освен наградата за Ен Хатавеј, другите два во споредните категории, за шминка и за звук. Квентин Тарантино го доби својот втор „Оскар“ за сценарио за „Разузданиот Џанго“.

 

You May Also Like