Детски културен центар- “Карпош” и Град Скопје на 1-ви Април (понеделник) во 11:00 часот на Плоштадот Македонија организираат детска журка “Априлијада – Скопје се смее”.
Настанот е наменет за сите училишта, градинки и деца на Град Скопје, со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ “Карпош“, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.
Бонус ноќна забава од 21:00 часот со Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска, Мустафа Имери, Ребис, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, а на крај ќе настапи и диџеј Бабура.
Водители на забавата Марија Петровска и Кирил Поп Христов.