Утре (понеделник, 26 ноември) во 20:00 часот во Салонот 19,19 во Културно-информативниот центар ќе биде одржан концертот „Квартет за крајот на времето“ од Оливие Месјан.
На концертот ќе настапат Игор Иванов – кларинет, Марија Вршкова – пијано,Паскал Краповски – виолончало, Владимир Костов – виолина. Концертот е дел од Есенските музички свечености.