Остен Биеналето на цртеж е манифестација која привлекува познати имиња од домашната и од светската уметничка сцена. Интерес што овој настан го предизвикува во светската уметничка фела се потврдува и оваа година, со конкурсот кој се уште е во тек.
Пријавувањето за учество на Биеналето е се уште во тек, а на адресата на Остен Арт секојдневно пристигнуваат уметнички дела од сите континенти.
Интернационалното жири, во состав: Павле Пејовиќ, директор на Националниот музеј на Црна Гора (Црна Гора), Николас Тау, доверител и програмски менаџер на Интернационалната фондација за музика и уметност (САД) и Анита Халдеман, куратор на одделот за цртеж и графика на Музејот во Базел (Швајцарија) – ќе направат селекција и ќе ги оценуваат пристигнатите дела. Овие активности членовите на жирито ги закажаа за јуни 2014.
За главните награди на Биеналето – Гран при за животно дело и Наградата Светско културно наследство одлучува Бордот на Остен во соработка со амбасадорите на Остен.
Со огромно задоволство Ве известуваме дека добитниците на главните награди на Остен Биенале на цртеж 2014 се:
– Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД) – Гран при за животно остварување
– Џoан Миро (Шпанија) – Награда Светско културно наследство
Отворањето на изложбата и доделувањето на наградите на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, Скопје 2014 е 18 септември 2014, во галеријата Остен.