Во Домот на културата во Гевгелија синоќа (сабота, 24 ноември) беа изложени 18 фотографии на тема „Гевгелија“ кои учествуваа на конкурсот организиран по повод Денот на општината.
Се доделија и наградите за најдобрите остварувања според оценките на жири комисијата, која одлучи првата награда да не се доделува.
Со втора награда во износ од 7000 денари се наградени фотографиите „Водена кула“ на Иван Петров и „Зимски пејсаж“ на Димитар Пејов, а со третата награда во износ од 5000 денари беа наградени фотографиите „Црквата Свети Спас“ на Петар Арнаудов и „Ноќен пејсаж“ на Димитар Апостолов.
Специјални признанија добија делата на Иван Калчев и Ристо Арнаудов, кои не влегоа во конкуренција за награда поради отстапувања од критериумите на конкурсот.