„И фабриките имаат душа“ (Factories have Souls too) е петнаесетминутен документарен видео-арт на режисерското дуо Наташа Гелева и ЈанеАлтипармаков, во кое преку „slide-show“ проекции се прикажуваат одредени „пејзажи“ и отсликувања од навидум рутински, но за нас како гледачи, невообичаени сцени од мрачниот фабрички амбиент.
Оваа сабота (11 февруари 2012 година), специјална проекција на гореспоменатиот проект во клубот Папаја (позади Дом на Градежници) хипнотички визуелен ремикс, проследен со музичките сетови на: Mартин, Тони Димитров, Јане Алтипармаков и Наташа Гелева.
Богатство од сензации, вистински празник за сетилата.