Најава за „Илинденски денови 2012“

Од 27 до 30 јули во организација на Центарот за култура Битола, на неколку локации во градот ќе се реализира 42. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.


На фестивалот „Илинденски денови“ годинава ќе настапат oколу 30 фолклорни групи и ансамбли од Македонија, Австралија, Северен Кипар, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција. Манифестацијата свечено ќе биде затворена со концертот на групата „Љубојна“ што ќе се одржи  на 30 јули во античкиот локалитет „Хераклеа’ со почеток 20:00  часот.

Посебен белег на фестивалот ќе му дадат и придружните манифестации: „Проекции на етно филмови“, „Песна на Широк Сокак“, „Ехо од дамарите“, Семинарот за традиционална музика и игра,  дефилето  „Со песни и ора низ битолските улици“ и манифестацијата  „Оро на Широк Сокак“.

You May Also Like