„Златен објектив“ за Кирил Ценевски

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Наградата ќе му биде врачена на 27 октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кога ќе биде прикажана ретроспектива на негови филмови.

Меѓу тие филмови ќе биде и најнаградуваниот „Црно семе“ – југословенскиот кандидат за Оскар од 1972 година и филм кој е на листата „Спомени на светот“ на УНЕСКО

You May Also Like