Осумгодишната Ангела Филовска го освои највисокото признание, наградата Гран При што ја доделува Меѓународниот детски ликовен фестивал во Канагава, Јапонија.
Ангела, инаку членка на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј “ од Битола е најдобра во конкуренција на 24.000 детски цртежи што ги изработиле деца од 91 држава во светоти.
На 17-тото биенале во Канагава наградена е и Викторија Јовановска, исто така членка на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, а посебно фестивалско признание освен на студиото, доделено му е и на раководителот Коста Хаџиантоновски.