Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е организатор на свечената промоција на дигиталната едиција на добитниците на наградата „Рациново признание“ во периодот 1971-2013 година. Промоцијата ќе се одржи на 5 јуни (четврток) 2014 година со почеток во 12.00 часот.
На свеченоста ќе се промовираат 43 дигитални изданија, од 40 македонски автори кои во изминатите 43 години биле добитници на „Рациново признание“, највисоката книжевна награда за прозно остварување во Република Македонија.
За значењето на оваа перстижна нагрда и во името на наградените автори ќе зборува писателот Васе Манчев, а специјалните комплети на носителите ќе им ги врачи Тања Балаќ, раководител на сектор за јавни дејности на Град Скопје.