За сите љубители на фотографската уметност, Фото сојузот на Македонија има особена чест и задоволство да Ве покани да учествувате на јубилејното 50-то издание на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија (ДМФ) 2012.
Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 50-ти пат.
Во пропратните настани, покрај фото-работилницата, ФСМ ќе организира и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, МФ ФСМ, во чест на одбележување на неговото капитално фотографско дело.
Организатор на изложбата и на фото работилница е Фото сојузот на Македонија, а приредувач на Денови на македонската фотографија 2012 е град Kочани. Отворање на изложбa е 16.06.2012 со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура.
Се повикуваат сите автори/авторки државјани на Македонија, да ги испратат своите дела на ДМФ 2012. Конкурсот можетеда го погледнете ТУКА.