Прво ноќно читање од акцијата „Читај повеќе“

Денеска сабота (29 март) со почеток во 20:30 часот, во Кафе барот Драма на ул. Македонија, ЕВН Македонија го организира првото ноќно читање што ќе се одржи во Република Македонија. Имено, истото е со цел одбележување на Часот на планетата Земја, но и приклучување на акцијата на Клуб Матица за промоција на читањето на секаде и во секое време наречена „Читај повеќе“.

citanje_na_lampa

Настанот е замислен како можност посетителите да читаат во темнина, со светилки кои ќе ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Дополнително, на настанот ќе бидат присутни и дел од авторите на книгите. Истите ќе ги потпишуваат книгите кои ќе се поделат на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде.

Агенда на настанот :
• 20:30 – 20:40 – Гасење на светлата во локалот и сместување на посетителите.
• 20:40 – 21:00 – Интерпретација на проза и поезија од македонски автори.
• 21:00 – 21:30 – Посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара.
• Во текот на целиот настан, нашите еминентни автори Дарко Марковиќ, Евгениј Хоуп и Паскал Гилевски ќе ги потпишуваат поделените книги и ќе се дружат со посетителите на првото ноќно читање во Република Македонија.

You May Also Like