Првата емисијата Тунајт шоу на Ен-Би-Си под водителската палка на Џими Фелон, привлече 11,3 милиони телевизиски гледачи, јави Ен-Би-Си, додавајќи дека станува збор за втора најгледана емисија во последните пет години.
Фелон, кој го наследи славниот Џеј Лено, во својата прва емисија во понеделникот навечер пречека многу ѕвезди од светот на забавата, меѓу кои биле U2, Роберт Де Ниро, Сара Џесика Паркер, Руди Џулиани и Вил Смит.
NBC Tonight Show се емитува од 1954 година. Фелон е неговиот шести водител, но до сега посебно го одбележаа двајца, Џими Карсон, кој го водеше 30 години и Лено, кој со помал прекин беше на чело на 21 сезона.
Фелон (39) е американски телевизиски водител, комичар, пејач и продуцент. Пред преземањето на Toninght Show, пет години водеше сопствено talk-show на NBC.
Премиерната емисија на Фелон, беше првата после 40 години која е снимена во Њујорк.