„Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус на сцената на МОБ

Балетска претстава во два чина „ Дон Кихот“ od Лудвиг Минкус, вечерва (среда, 25.04.2012 година) и во петок (27.04.2012година) со почеток во 20.00 часот, на сцената на МОБ, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставите ќе биде Бисера Чадловска.

Во улогата на Китри ќе настапи првенката Александра Мијалкова на (25.04.2012), Марија Кичевска на (27.04.2012),во улогата на Базил ќе настапи Васил Чичијашвили од Грузија на (25.04.2012), Дмитро Чеботар од Украина на (27.04.2012), Улична и Мерцедес – Ивана Коцевска и Тореадор – Бобан Ковачевски на (25.04.2012), Игор Веланоски на (27.04.2012).

Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Својата светска премиера балетската претстава „Дон Кихот“ ја доживува на 14.12.1869година, театар Балшој во Москва. За прв пат на македонската сцена е изведена на 18.01.1972година.

Приказната за ветерниците, совршената жена, вистинската љубов и понатаму продолжува…

„Дон Кихот” – балет – Лудвиг Минкус, 25.04.2012година (среда),27.04.2012година (петок), почеток 20.00 часот.

Каст – листа

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Главен репетитор и менаџер на МОБ: Тања Вујисиќ Тодоровска
Репетитори: д-р Снежана Филиповска и Горан Божинов
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Светло мајстор: Милчо Александров

Солисти:
Китри:Александра Мијалкова (25.04.2012),
Марија Кичевска (27.04.2012)
Базил: Васил Чичијашвили (Грузија) – (25.04.2012),
Дмитро Чеботар (Украина) – (27.04.2012)
Улична и Мерцедес: Ивана Коцевска
Тореадор: Бобан Ковачевски (25.04.2012),
Игор Веланоски (27.04.2012)

Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

You May Also Like