Mинистерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Аиво Орав, утре (четврток, 26 април 2012 година) со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем (Бизнис сала), ќе се обратат на промоцијата на проектите за книжевни преводи, од програмата Култура 2007-2013 на Европската Унија.
По промоцијата ќе се одржи и Инфо ден за проекти за книжевни преводи, во рамки на кој ќе бидат претставени критериумите и електонскиот формулар за аплицирање. Воедно претставниците на издавачките куќи ќе ги претстават досегашните успешни проекти од овој дел на програмата.