На 15 февруари во галеријата на МКЦ во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата именувана како „Илина и македонските уметници на пат кон Монт Еверест“.
Ова е наменска и продажна изложба, со цел собирање средства за поддршка на долгонајавуваната експедиција “Прва македонка на Монт Еверест” која поради недостиг на финансиски средства веќе трета година се одложува.
Освен ликовни дела на Илина изложбата ја поддржаа со донирање на слки и др. експонати уште дестина автори од разни генерации на македонската ликовна сцена.
Меѓу учесниците ќе бидат: Миро Масин, Горјан Ѓорѓиев, Решат Амети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Гелевска Велјаноска, Урош Вељкович, Драгица Ристеска, Никола Пијанманов, Билјана Каровска, Ивана Младеновска, Др. Душан Јовановски, Ведран Бојановски, Весна Радисич, Маријана Петкова и др.