„Денови на солидарноста“ во Гази Баба

По повод 26 јули, Денот на земјотресот во Скопје, Гази Баба во соработка со граѓаните од Ченто,денеска (четврток) организираат „Денови на солидарност“.


Во рамки на „Деновите на солидарноста“ во Гази Баба се одржуваат културни и спортски манифестации.
Денеска (четврток, 26 јули) во 19:00 часот на спортскиот терен во паркот Борис Трајковски во Ченто, ќе се одиграат финалните натпревари во фудбал, ќе се одржи традиционалниот крос по улиците во Ченто и ќе се доделуваат медалите и пехарите за најдобрите на турнирот во кошарка, фудбал и крос.

Во културниот дел ќе настапат културно уметнички друштва и естрадни уметници.

You May Also Like