Деновиве најголемиот сервис за он-лајн продажба на книги Амазон (Amazon) на англиски јазик, го објави романот „Катализатор 33“ од македонската авторка Ирена Јорданова.
„Катализатор 33“ е второ дело на Јорданова која во 2008 година дебитираше на македонската книжевна сцена со романот „Помеѓу“ со кој влезe и во најтесната конкуренција за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.
На страницата на Амазон заедно со основните податоци за „Катализатор 33“, поместен e и дел од текстот на критичарката Александра Јуруковска, објавен во дневниот весник „Дневник“.
—————-
Ирена Јорданова е родена 1980 година во Скопје. Дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Со своето творештво учествува на многубројни прозни настани, читања, конференции и е дел од Интернационалното Биенале за млади уметници од Европа во 2009 година.