Вашата најголема цел како родител, е да подигнете деца, кои ќе го најдат патот до успехот и среќата во животот. Децата, кои развиле чуство на одговорност, од најмали години, се склони да бидат посамостојни, независни и одговорни во позрела возраст.
Одоговорноста за сопствените грешки, е способност која се учи, а ваша задача како родители е да создадете средина од можности, во која детето ќе научи да ја развие од најмали години.
Пристапот кон дисциплината во филозофијата на Монтесори е таков, што го остава детето само да развие во себе желба за самодисциплина, за разлика од другите методи, каде целта е детето да се направи “послушно“ преку казнување. Спонтаната дисциплина и послушноста, кои се својствени за методот Монтесори, се косат со конвенционалните методи, според кои, да ги оставиш децата на слобода, е грешка, зошто тие имаат вродена сколонст кон зло. Во зборчњата “добро“ и “зло“ ние влагаме различни идеи во односите со децата. На пример …тенденција која се смета за зло кај децата, предизвикувајќи дразнење кај возрасните, проследена со обид да се спречи секое нивно движење (пипкање, допирање на предмети и сл)е само одраз на неразбирање на нивните потреби …обиди да научат нешто за околниот свет. Таа природна сколност е потребна за детето да научи да се ориентира, да собира впечатоци, осет за допир…а кога е спречено, тоа знае уште повеќе да се противи. Затоа не е чудо, дека злото исчезнува кога се дадени сите услови за развој и полната слобода да истражува и биде “палаво“…отпорот веќе нема причина да постои.
Разликата помеѓу самодисциплина и послушност е суштинска, таа ја представува разликата во разбирањето на луѓето за “добро однесување“. За секој родител, поважно е детето да се научи на самодисциплина, а методите за плашење, како казнување, викање, тепање или праќање во собата со цел детето “да размисли за она што го направило“…можат да постигнат послушност, но само на одредено време. За жал, ефектот постои додека, приоритет на детето е да им угоди на родителите…а тие самите во еден момент, разбираат дека тој приоритет е доста променлив и непостојан.
Откако детето престане да се интересира од одобрувањето на родителите, методите на заплашување, ја губат својата сила. Кај дисциплината во стил Монтесори, детето учи да прави подобар избор, независно дали околу него има возрасен, да го насочува. Звучи недостижно? Да, но може да се постигне, ако се замислиме над следниве нешта:
– Дали правилата ги одбираме правилно? Има доста “правила за правилата“ кои можат да се научат, но да си поставиме прашање “Дали НАВИСТИНА мислиме НЕ, кога викаме НЕ“!? Или понекогаш тоа е рутина, зошто сме изморени и немаме трпение? Ако е така, значи тоа правило е слабо. Правилно би било “малку правила, но да бидат вистински“. Малите деца знаат да ги проверуваат правилата за да се убедат, дека се вистински и цврсти. Тоа им создава сигурност. Тие се добри преговарачи и учат дека преку разговор, може да се постигне одредена цел, додека со плачење е малку потешко.
Извод- верувајте во своите поставени правила и секогаш кога викате НЕ, нека биде вистинско НЕ.
Дали сме добар пример за однесување?
Ова е веќе предизвик за секој родител. Почнувајќи од нај-ситните нешта во секојдневниот живот, како тоа да ги оставаме своите алиштата на куп, а од децата да бараме да ги подредат своите во плакар, па се до сериозни нешта…на пример, како би го научиле детето да се однесува добро, да биде сталожено и љубезно, ако самите го плескате или му зборувате налутено со заплашувачки тон? Дали го потхранувате денот кога сосптвеното дете ќе ви возврати со истиот тон или ќе крене рака на вас? Тоа може да се спречи краткотрајно со заплашување, но ќе дојде ден во кој нема да бидете толку страшни за децата, како сега, кога се мали. Вреди човек, да помисли над овие нешта.
Добриот пример е начин, да се зацврстат правилата. Ако стандардите се различни за вас и за детето, може да си замислите каква забуна и рушење на вредносниот систем на самите правила, ќе предизвика тоа? Фактот дека, не сме совршени родители и правиме грешки, може да биде една можност за добар пример.
На пример, понекогаш може да изгубиме нерви и да направиме грешка, со што детето разбира дека мама и тато, не се идеални и сите понекогаш грешат. Во таков случај, според Монтесори, најдобро е да извиниме искрено и да побараме децата да ни простат. Не дека е добро да се прават грешки постојано, но така детето разбира дека, лошото однесување, може да се поправи со извинување, разговор и прошка. Дете, од кое се бара да прости учи дека грешките можат да се поправат, само ако бидат признаени.
Но внимание…децата осеќаат неискреност. Сетете се и сами кога како деца, некој возрасен се обидувал да ве излаже со лажно ветување…децата осеќаат.
Самодисциплината е процес, а послушноста е однос. Детето учи да го слуша родителот на краткоречен план, но поважно е да научи да ја слуша својата внатрешна добра природа, на долгорочен план. Луѓето кои одгледуваат или сами се одгледани во по-авторитетен стил, препорачуваат “по здрава рака“, зошто методот на Монтесори не е нешто разбирливо за нив и е начин на “разгалување“…Но вистината е дека, недостигот на дисциплина во родителот, проектирана врз детето, преку неговиот авторитетен однос е лошо родителство. Пример за тоа ќе најдеме во политиката- тоталитарните влади се тие, кои секогаш се симнувани од народот. Не зошто се потчинувачки, а зошто нивните поданици разбираат колку се слаби…
Извадок од книгата: DR. MONTESSORI’SOWN HANDBOOK BY MARIA MONTESSORI