Центарот за медиумски активности, (ЦМА) во соработка со Град Скопје и со Швајцарската програма за култура организира работилница за монтажа на филм, насловена “Workshop за визуелна култура”, наменета за средношколци, којашто викендов ќе се одржува во просториите на Младинскиот кулурен центар, а ќе трае до крајот на ноември.
Целта на работилницата е да се мотивираат учениците своите идеи и пораки да ги артиклулираат преку дигитална (видео) – форма. Основи на фотографија, на камера, начин на развивање сценарио и процесот на монтажа, се фазите низ коишто ќе минуваат и ќе се едуцираат 20 ученици, избрани со селекција, од четири скопски средни училишта („Јосип Броз Тито”, „Ѓорѓи Димитров”, „Михајло Пупин” и „Раде Јовчевски Корчагин ’’).
Освен теоретското запознавање, предвидена е и работа на терен, кога продукцискиот тим, одделно со секоја група од учениците, ќе го менторира снимањето на развиените сценарија.
Производ на “Workshop за визуелна култура” ќе бидат кратки филмови со должина од една до 3 минути на тема маргинализација.
Видеата на учениците ќе имаат можност преку проектот „Лице в лице” да бидат претставени и на настани во земјите во регинот, како и да бидат дел од порталите “ЈоурнАрт” и “Нуклеус”(медиа сервис).
Предавачи и ментори на работилницата ќе бидат Небојша Илијевски, продуцент,n Елеонора Венинова, сценарист, Илија Жоговски, директор на фотографија и Бранко Ристовски,монтажер.