Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар го најавуваат петтиот по ред голем мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“. Концертот е во среда (20 јуни 2012 година), со почеток во 21:00 часот.
Вечерва Градскиот парк во Скопје ќе одекнува со звуците на Македонската филхармонија која оваа година под диригентската палка на гостинот од Велика Британија-Тимоти Редмонд, ќе изведе незаборавни рок хитови во симфониски аранжмани.
Ќе имаме можност да чуеме музички нумери кои ги одбележаа 80-те и 90-те години на групите Ролинг Стонс, Полис, Лед Цепелин, Квин, како и на Тина Тарнер, Ерик Клептон, Мајкл Џексон и др.
Македонската филхармонија на присутните ќе им приреди фантастично и ретко доживување под мотото Rock Symphony, додека големите сликарски платна со нивни уникатни креации ќе ги исполнат ликовните уметници Горјан Георгиев и Невзат Бејтули-Кица.
Сегментот „Добиј книга“ оваа година ќе го одбележи делото на Максанс Фермин со наслов „Снег“ од кое на присутната публика ќе и бидат поделени 20.000 подарок книги.