Денеска (четврток на 23 мај), еден ден пред премиерата во САД, во киното Cineplexx премиерно ќе биде прикажан филмот „Брзи и бесни 6“.
Шестото продолжение на познатата филмска франшиза во Британија и Ирска ги сруши рекордите на заработка на сите нејзини претходни продолженија и е најгледаниот филм за овој викенд со заработувачка од 13 милиони долари. На визуелните ефекти на „Брзи и бесни 6“ работеше и тимот на македонската компанија FX3X.
Режија: Justin Lin
Улоги: Vin Diesel, Paul Walker, Dwayne Johnson, Jordana Brewster, Michelle Rodriguez, Tyrese
Gibson, Chis „Ludacris“ Bridges, Luke Evans, Elsa Pataky, Gina Carano
Жанр: акционен трилер
Сценарио: Chris Morgan
Студио: Universal
Вин Дизел, Пол Вокер и Двејн Џонсон ја предводат успешната екипа во новото продолжение на светскиот блокбастер заснован на брзите трки, БРЗИ И БЕСНИ 6. Откако Дом (Дизел) и Брајан (Вокер) изведоа грабеж во Рио и го уништија кралството на најзначајниот човек понесувајќи со себе 100 милиони долари, нашите херои од тогаш живеат разделено низ светот. Неможноста да се вртат дома и животот во бегство го прави нивниот живот некомплетен.
Во меѓувреме, Хобс (Џонсон) ја следи организацијата на смртоносни возачи и професионални убијци во преку 12 земји. На неговиот водич (Еванс) му помага човек од друга организација. Ќе открие дека тоа е Лети (Родригез), љубовта на Дом за која мисли дека е мртва. Единствен начин за да ја запре оваа криминална банда е да ги надмудри на улица, поради што ќе го замоли Дом да откупи елитен тим во Лондон. Исплата?
Помилување за сите нив како би можеле да се вратат повторно дома.