Денеска (четврток, 23 мај) во Турскиот Театар,со почеток во 20:00 часот ќе се изведе кореодрамата „Шекспир во приказни“ работена по делата на Шекспир, а во режија и кореографија на Кери К. Невзати.
Претставата раскажува приказна за оттуѓеноста меѓу луѓето, недовербата која ја гаиме еден кон друг, потребата грдите внатрешни пориви и конфликти да ги пренесеме на оние кои не опкружуваат, потрагата по себе си и по сродниот на себе, тежнеење кон љубовта и истовремено неможноста таа да се прими целосно, опседнатоста со моќ и желба за доминација, која несомнено води кон пропаст и смрт. Самоуништувањето како начин на живот…
Режија и кореографија: Кери К. НЕВЗАТИ
Драматург: Викторија РАНГЕЛОВА
Сценограф : Јовица МИЈАЛКОВИЌ
Костимограф : Маја ДИМОВСКА
Видео арт и дизајн: Доријан МИЛОВАНОВИЌ
Музика : Џенгиз ИБРАХИМ
Избор на музика : Кери К. НЕВЗАТИ
J.S.Bach, Purcell, W.A.Mozart, Vivaldi, Hendl, Marchello, Bethoveen,
Асистенти : Сузан АКБЕЛГЕ, Несрин ТАИР
Цртеж : Чарна Ал–Нур НЕВЗАТИ
Плакат дизајн : Јовица МИЈАЛКОВИЌ
Настапуваат:
Билјана ЈОВАНОВСКА
Ерман ШАБАН
Зиба РАДОНЌИЌ
Неат АЛИ
Несрин ТАИР
Осман АЛИ
Селпин КЕРИМ
Сузан АКБЕЛГЕ
Џенап САМЕТ
Максим ПЕТРОВСКИ (дете)