Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска (9 јануари, среда) на Клиниката за гиникологија и акушерство, на новороденчињата родени на 7,8 и 9 јануари и на нивните мајки ќе им подари слики „Божикно цвеќе“.
Минатата година Поповски на овој ден им подари по една слика на децата од Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, а во 2003 година во истата болница организираше и изложба насловена како „Цвеќе на љубовта“.