Богата културна понуда во Ѓорче Петров

Во реновираниот и адаптиран Центар за култура во Ѓорче Петров се одржуваат повеќе културни настани.

Овој месец се прикажани девет театарски претстави, премиера на комедијата „Женско царство“ и уште две нејзини репризи, една стендап претстава со Никола Тодоровски, премиера на домашниот филм „Старо купујем“ и четири изданија на претставата „Итриот и завидливиот“ за помладите љубители на театарот.

Исто така беше одржана една изложба на фотографии, неколку едукативни предавања од разни области и два музички настана, концерти на студентите од Факултетот за музичка уметност од Штип.

До крајот на март ќе се изведе уште еднаш комедијата „Женско царство“, а претставата „Итриот и завидливиот“ е веќе резервирана за едно од локалните основни училишта. Во „Итриот и завидливиот“ главните улоги ги играат нашите познати актери Гоце Тодоровски, Владо Дојчиновски и Шенка Колозова.

За април, покрај редовниот репертоар, се подготвува уште една премиера.

 

извор: skopjeinfo.mk

You May Also Like