„Битлино“ театарски фестивал за најмладите

Утре  (недела, 5 август, 2012 година) во 11:00 часот во рамките на Бит Фест, започнува детскиот театарски фестивал „Битолино“.

„Битолин“ е меѓународен детски театарски фестивал со натпреварувачки карактер. претставите ќе ги оценува жирито во состав: Нада Кокотовиќ – претседател, Петар Мирчевски и Анета Блажевска – членови.
На фестивалот учествуваат театри од земјава и светот, а програмата утре во 11:00 часот, во Големата сала на ЦК, ја отвора театарот „Мала сцена“ од Загреб со претставата „Розевиот соновник“ во режија-Ивица Шимич. Сценографијата е на Динка Јеричевич, Петра Хелд, а во претставата играат Геа Гојак и Дадо Чосич. Јазик-хрватски. Претставата е наменета за деца на возраст од 7+.

Според програмата на „Битолино“ битолчани и најмладите посетители во овој град во 19:00 во Народниот театар ќе можат да ја проследат и претставата „Не можеме да останеме на ова“ на ТИЈАТРОТЕМ ТЕАТАР од Истамбул, Турција. Автор е Ајше Селен,режија: Ајше Селен, Сеншувар Акташ, сценографија и кукли: Сеншувар Акташ, играат: Ајше Селен и Сеншувар Акташ. Јазик -турски. Претставата е наменета за деца на возраст од 6+.

You May Also Like