„Балкански филмски караван“ на Бит Фест

Денеска (понеделник, 13 август, 2012) во Битола во рамките на Бит фест, стартува „Балканскиот филмски караван“ или филмските денови “See a Paris”.Отворањето е вечер во 21:30 часот во Магаза (алтернативен простор Центарот за култура) со прикажување на српскиот филм „Како ме украдоа Германците“.

“Како ме украдоа Германците”, (Србија) трае 140 минути, а режијата е на Милош Радивоевиќ.
Режисерот и писател Милош Радивојевиќ ја раскажува приказната за неговото детство и живот во текот на Втората светска војна. Како дете тој се чувствува запоставен од неговото комунистичко семејство, но единствениот човек кој го згрижил, му пружил љубов и топлина, е еден германски офицер кој го окупирал неговиот дом за време на војната.

You May Also Like