„Ајде да Штрумфуваме!“ со Просветно дело

Забава за сите генерации чии јунаци од детството се сините минијатурни суштества – Штрумфовите! По Њујорк, Штрумфовите се штрумфнаа и во нашиот град.

Овие неодоливо симпатични минијатурни суштества ги зазедоа сите книжарници на ПРОСВЕТНО ДЕЛО и ги обоија во сино.

– Оваа сабота (15 октомври 2011 година) со почеток во 12:00 часот во холот на ВЕРО ЦЕНТАРОТ ќе се одржи маскенбал на тема Штрумфови. Маскирањето е едноставно: бели хеланки, сина блуза и бела капа, освен ако вашиот избор не се Веле Штрумф или Гаргамел.

Најдобрите и најоригинални маски ќе бидат наградени, а ќе се „штрумфува“ на песните на солистите од ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ.

You May Also Like