Кубанскиот перкусионист Оскар Салас на Бит Фест

Битола е ден пред затворањето на најдолгото и содржински најбогатото културно лето.  Ден пред големото случување на Широк Сокак, каде десет кафе барови унифицирани во бела боја, ќе живеат со една музика од двајца битолски DJ  Бобан и DJ Ацика, а во 23:00 часот на Широк Сокак Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ ќе го дочека Кирил Џајковски по чиј што настап БИТ ФЕСТ свечено ќе биде затворен.

Свеченото затворање на БИТ ФЕСТ како извесна увертира ќе го придружува модна ревија од рециклирани материјали. Свеченото затворање на БИТ ФЕСТ е во сабота на 27 август, а програмските активности ќе започнат во 20.00 часот.  Главниот настан – настапот на специјалниот гостин Кирил Џајковски е поддржан од кафе баровите Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум, како и пиво АМСТЕЛ.

Ден пред свеченото затворање БИТ ФЕСТ ви најавува:

Петок 26.08.2011 на БИТ ФЕСТ

Во рамките на Младински арт фестивал ,,Битола отворен град” во организација на МКЦ Битола што е и дел од БИТ ФЕСТ 2011 во летниот клуб ,,Позитив”  во Битола ќе настапат познатите балкански групи ,,Дубиоза колектив” и С.А.Р.С.  Музичката атракција САРС која прв пат доаѓа во Битола, на настапот ќе го промовира својот албум ,,Перспектива” објавен на веб страната на Ем-ти-ви како прв албум за бесплатно симнување во регионот.

БИТ ФЕСТ и со своја програма за вљубениците во класичната и џез музиката:

20:30 часот Концерт – Камерен оркестар ,,Скопски солисти” – НУ Завод и музеј

Камерниот оркестар Скопски солисти, на Македонската музичка сцена се појави во 2000-та година.Оваа благородна и убава идеја ,по примерот на Загребските,Софиските и други слични оркестри на Балканот, ја реализираше реномираниот наш Обоист,проф.М-р Васил Атанасов,кој воедно е и уметнички раководител на ансамблот.

Оркестарот  е формиран од група афирмирани и признати македонски уметници, на кои им се придружија група млади, но мошне талентирани музичари.Интенцијата на овој ансамбл е да презентира камерна музика,од барок па се до современа музичка литература, со истакнато чувство и респект кон Македонското музичко творештво.

Скопски солисти досега соработувале со најпознатите македонски репродуктивни уметници, како: Борис Трајанов – баритон, Весна Гиновска-Илкова-сопран,Благој Нацоски-тенор,Васил Атанасов-Обоа,Олег и Ана Кондратенко-виолина,Марија Муратовска – сопран, Михајло Куфојанакис – виолина, Славица Галиќ-Петровска – сопран, Љубиша Кировски – виолина, Ирена Кафкалевска – мецосопран, Марјан Николовски – тенор, Томе Атанасов – обоа, Климент Тодоровски – виолина, Олгица Милевска – мецосопран, Елена Настевска – сопран, Скопски дувачки квинтет, како и соработка со Младинскиот женски хор Менада, женскиот хор Св. Злата Мегленска, хорското студио Рустико, детскиот хор Развигорче, ПФ.Св.Климент Охридски и др. Настапува со домашни и странски диригенти како: Aлександар Лековски, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Ле Фи Фи, Запро Запров, маестро Андреј Андреев- Бугарија и др.

Скопските солисти во 2007 година се добитници на концертен клавир „Милер-Бостон“, Грант од мегународната фондација ИМАФ. Одржани се голем број концерти во Скопје,Битола,Охрид,Струмица итн.,а најпрепознатлив е Традиционалниот Божикен концерт.

Скопски солисти настапуваат на значајни манифестации и фестивали во земјата,како и гостувања во странство:Бугарија 2006 год.,и Србија 2008 год. итн. Музичката критика досегашните настапи ги оценува со суперлативи.  Камерниот оркестар Скопски солисти  годинава слави јубилеј, десет години уметничка дејност.

22:00 часот Џез концерт на Оскар Салас и Тони Китановски трио – оригинална музика, симбиоза на повеќе различни африканско кубански стилови, во стил на модерен ритам.

Оскар Салас е еден од најреномираните перкусионисти од кубанската традиција во светот.  Неговиот настап на БИТ ФЕСТ ќе ги донесе во градот автентичните звуци на кубанската салса и сон музика, а се препорачува и публиката со себе да понесе чевли за танцување.

Пратечкиот состав е симбиоза и со македонски еминентни музичари.

Оскар Салас ја посети Европа како дел од соработката со Тони Китановски која започна со учеството на Салас на новиот албум на Китановски.  Оскар Салас е еден од најбараните студиски музичари во центарот на афро кубанската музика денес, Мајами Флорида.

Во петок, Битола и Широк Сокак од 17:00 часот започнуваат да се подготвуваат за големиот настан кој ќе се случи следниот ден – сабота.

You May Also Like