Изложба Cognoscence во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија утре (30 јуни, сабота), во 18 часот во Македонскиот културен центар во Њујорк ќе се отвори изложбата Cognesance на уметниците Марко Манев, Михаела Јовановска и Теона Трајковска, кураторски проект на Ана Франговска, кустос во Националната галерија на Македонија.


“Cognoscence” е уметнички проект кој се однесува на перцепцијата како начин на восприемање на информациите од надворешниот/внатрешен свет и осознавањето на информации во мапата на искуства, создавајќи парабола помеѓу рационалното и ирационалното. Сите три уметници се обраќаат на одредена тема, дефинирајќи ја во различни ликовни значења и концепти кои заедно генерираат еден хомоген проект.

Изложбата ќе ја отвори  Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

You May Also Like