Утре и задутре (18 и 19 септември, 2012 година) во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи 17-от интернационален „Блуз и Соул фестивал“, за прв пат во нов термин, надвор од „Скопско лето“.
17-от „Блуз и соул фестивал“ ќе го отвори нашиот блуз-гитарист Игор Атанасовски, познат како Харе, кој ќе настапи со својот бенд: Златко Михајловски-Бумбар на тапани, басистот Трајко Симоновски-Таци, Жарко Пејковски, кој ќе биде задолжен за електрониката и клавијатуристот Петар Лукиќ.
Гуру Харе и неговиот бенд ќе се претстават со нов авторски материјал – песни што ќе се најдат на албумот чиј работен наслов е „Мафе дел Хар“, а чие излегување е планирано за крајот на годинава.
Првата вечер ќе биде заокружена со настапот на американскиот вокалист и гитарист Маркус Мелоун и неговиот придружен состав.
Втората вечер,тематски му е посветена на ненадминатиот гитарски херој Џими Хендрикс. Светот ја одбележува 70 годишнината од раѓањето на хендрикс, а концертот во Скопје е токму на денот кога тој починал – 18 септември. На сцената на универзална ќе настапат „Дак кен грув“ од Шведска и „Хендриксовата реинкарнација“, Американецот Стен Скиби.
Организатор е Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.
———————–
Блуес & Соул Фестивалот започна во 1996 година и традиционално се одржуваше во периодот од 1 до 7 јули.
Првиот фестивал во 1996 година беше посветен на гостите од странство: Candy Dulfer & Funky Stuff, Joao Bosko, Billy Cobham Group и Lucky Peterson Blues Band. Во годините потоа следуваа гостувањата на: The Temptations, Tolo Marton Trio, Blues Wire. Phil Guy, Nick & The Backbone, Blues Company,Vasil Hadimanov Band, Michael Hill’s Blues Mob, M-r Lucky and Sen – Sa – shun Band, Louisiana Red,Todd Sharpville Band, Mick Taylor, Kimbiza, Rod Barthet Band, Tony Vega Band, Erick Sardinas, Juke Joint Express, Blues Cousins, Alvin Joungblood Hart’s, Muscle Theory, David “Honeyboy” Edwards, Mama’s Pit, Nico Wayne Toussaint и други can you pay off a timeshare.