Остен Биенале на цртеж 2014

Традиционалната манифестација „Остен – Биенале на цртеж“,ќе биде отворена на 18 и 19 септември (четврток и петок).

Pokana-osten_bienale_na_crtez_2014

На утрешната прес конференција ќе присуствуваат и неколкумина добитници на награди на Остен Биенале на цртеж 2014, меѓу кои и Јармила Вешовиќ Рус (Франција), која воедно е добитник на Првата награда за сликарство на хартија, а тука ќе бидат и уметниците од Македонија: Душан Перчинков, Александар Цане Јанкуловски, Трајче Блажевски, и други…

Главните награди годинава им се доделуваат на Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД) – Гран при за животно остварување и на Јoан Миро (Шпанија) – Наградата Светско културно наследство.

Утре првпат јавно ќе биде презентиран и проектот – „osten4art.net“ – професионална мрежа за глобално и интерактивно поврзување на уметници, куратори и институции.

You May Also Like