Овој викенд (25,26 и 27 октомври, 2012) во Младинскиот културен центар дуел помеѓу скопската и битолската сцена.
Имено, денеска (петок) ќе се одржи концертнта промоција на компилацијата “Ако одам во Битола”, а настап во живо ќе имаат Паркети и ПМГ Колектив. Концертот започнуваво 22:00 часот.
Веќе во сабота на програмата е концертот на MAN ZERO од Загреб, Хрватска. Man Zero е построк квартет формиранво 2001 година. Нивната музика најлесно може да се опише како построк, но Man Zero не се уште еден пост-рок клон. Во музичкиот израз може да се пронајдат влијанија од бендови како Mogwai, Slint, Explosions in the sky…
Ова е прв промо настан за престојниот СИНЕДЕЈС фестивал и влезот е слободен. Почетокот е закажан за 22:00.

