Акција „Извади го точакот од гаража“

Во среда (27 февруари, 2013) во периодот помеѓу 17:30-19:00 во центарот на Скопје ќе се одржи акцијата „Извади го точакот од гаража“. Местото за чекање е на платото покрај Влада на Република Македонија, до мостот Гоце Делчев. Рутата на движење:  www.0.mk/km10.

Во описот на настанот стои:

…Бројот на луѓе кои го избираат точакот како превозно средство расте од година во година и оваа пролет ќе не’ има уште повеќе, како што и зимава имаше повеќе од лани.
Условите за возење точак во Скопје не се нешто мотивирачки, но сообраќајните гужви, зголемувањето на цената на горивата, поголемата еколошка свест, тенденциите кон поздрав начин на живеење и сфаќањето дека точак е супер превозно средство си го прават своето…

…Возењето точак секојдневно е славење на животот, славење на чистиот воздух, на слободното движење, на погонот на сопственото тело, на посебните ќошиња на градот и на љубовта кон неговите улици! А Критична маса е славење на сето тоа, но заедно! И битка за подобар град во која се оди чекор понапред со секој нов велосипедист!…

 

…Понесете балони, понесете миленичиња, деца, дечковци, девојки….вашите пријатели, луѓе кои ги сакате! Поттикнете ги да извозат еден круг со нас. Нека ја откријат повторно магијата на возењето велосипед! Скоро и да нема човек кој не знае да вози велосипед! А и да не знае, лесно ќе научи и уште полесно ќе се заљуби во тоа!…

…Многу од нас имаат по некој кутар заклучен и можеби зарѓан велосипед во гаража, кој чека да биде ослободен. Скопје има улици кои чекаат да бидат преплавени со точаци и радост! А ние имаме желба да создаваме таков град! Местото на велосипедската инфраструктура е повисоко на дневен ред!…

Местото на точакот се улиците!
Ослободете го!

 

You May Also Like